Игор Јанушев: Синот на Цветанка Иванова добил тендер за чистење на патиштата во источна Македонија
Синот на Цветанка Иванова добил тендер од државата преку фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица од државата за чистење на патиштата во источна Македонија.
Нормално, СДСМ и Владата молчат, него никаде го нема, а мајка му која е генерален секретар на Собранието на Република Македонија не знае дека синот и заработил тендер кој може да достигне вредност од над 300.000 евра.
Веројатно станува збор за новогодишно изненадување па затоа не знаат. Штом молчат, значи нашите изнесени информации на вчерашната прес конференција се вистинити.
Синот на Цветанка Иванова, кој воедно е и бизнис партнер на Трајче Заев, под сомнителни околности добива тендер, без да ги исполнува потребните услови и критериуми кои се бараат во истиот.
Имено, фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ СТРУМИЦА која е во сопственост на синот на Иванова, најпрвин го добила тендерот после повторна евалуација на 8 ноември годинава, па дури после 12 дена на 20 ноември склучува договор со грчка фирма за набавка на потребната механизација од тендерот која имено требало да ја поседува пред добивањето на истиот.
Дополнително, банкарската гаранција од фирмата „ДИКОР ЦД“ кон грчката фирма за 25 машини во вредност од околу 200.000 евра од една македонска банка била уплатена дури на 27-ми ноември и дури потоа возилата влегле во Република Македонија. Во моментов истите се распоредени на неколку пунктови низ источна Македонија, и тоа Струмица, Штип, Сарамзалино итн.
Според нашите информации фирмата „ДИКОР ЦД“ на синот на Цветанка Иванова земала под закуп вкупно 25 возила од грчката фирма и целата сума на закуп за сите возила за цела сезона е во вредност од околу 40.000 евра.
Што значи, синот на Цветанка Иванова, со вложени 40-тина илјади евра ќе заработи над 300.000 евра само за неколку месеци.
Очекуваме одговори, но и одговорност.
Дали е вистина дека најпрвин тендерот бил добиен од страна на фирмата „ДИКОР ЦД“, а дури потоа се набавувале машините, што е спротивно на условите и критериумите што ги налага самиот тендер?
Зошто молчат и Владата, СДСМ и Цветанка Иванова, молчат за овој спорен и сомнителен тендер каде што требале да заработат стотици илјади евра на грбот на државата и граѓаните?
Дали обвинителството ќе отвори случај и дали инволвираните ќе сносат одговорност?
Кога планира Владата овој тендер да го раскине и да распише нов?
Ова се прашањата на кои владата треба даде одговори и да не молчи.
Доколку сега не се расчистат сите овие сомнителни работи, веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април, доаѓа и обновата на Македонија. И со обновата на Македонија ќе се стави крај на ваквото криминално работење на СДСМ.
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци