Македонија
26. October 2016 - 13:30

Идентификувана охриѓанката што загина во сообраќајка кај Горенци

Вчера во 18.45 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај  с.Горенци, охридско, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице, (по кажување на очевидец) управувајќи патничко возило „БМВ“, удрило во пешакот Ќ.А. (74) од Охрид.

Во незгодата, на местото на настанот починала пешакот Ќ.А.. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде дадено на обдукција.

За време на увидот, во периодот од 19.25 до 22.00 часот, сообраќајот бил физички регулиран со наизменично пропуштање на возилата по една сообраќајна лента.