Најстудено во Берово, најмногу снег на Шапка
Утрово е најстудено во Берово, -6 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 40 сантиметри.
Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -4 степени во Тетово, -3 во Скопје-Петровец и Битола, -2 во Маврови Анови, Охрид, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево, Дебар и Велес, -1 во Крива Паланка, Претор, Штип, Куманово, Кавадарци, 0 во Скопје-Зајчев Рид и Виница, 2 на Попова Шапка, како и 6 степени во Гевгелија.
Висината на снежната покривка е 26 сантиметри во Маврови Анови и 3 во Крушево.
Утрово по одделни котлини има слаба магла. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и претежно тивко со температура до 10 степени.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен на средба во Анкара со Ердоган
-
Кошаркарот Јанис Тима пронајден мртов во Москва
-
Мицкоски: Даваме 25 милиони евра за Универзитетот „Мајка Тереза“, се делат финансии за општини со мнозинско албанско население и други проекти
-
Седница на УО на Коморскиот инвестициски форум за клучните приоритети во 2025 година
-
Во Белград пронајдено исчезнато дете откако бил активиран системот „Пронајди ме“
-
Земјотрес од 7,4 по Рихтер во близина на Вануату
-
Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Зелениково и Чучер Сандево
-
Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес