-->
-->
Идентификувана охриѓанката што загина во сообраќајка кај Горенци
-->
Вчера во 18.45 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Горенци, охридско, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице, (по кажување на очевидец) управувајќи патничко возило „БМВ“, удрило во пешакот Ќ.А. (74) од Охрид.
Во незгодата, на местото на настанот починала пешакот Ќ.А.. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде дадено на обдукција.
За време на увидот, во периодот од 19.25 до 22.00 часот, сообраќајот бил физички регулиран со наизменично пропуштање на возилата по една сообраќајна лента.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија