ИДЕЈА ЗА БИЗНИС: Лесно и евтино се садат, носат профит над 2.000 евра!
Се работи од пролет до доцна есен во зависност од билката за која се работи
Одгледувањето на лековити, зачински и ароматични билки дури и на мали површини може да биде добар извор на заработка. За оние кои имаат поголеми плацови, тоа веќе претставува потенцијал за добар бизнис.
Производителите на овие билки велат дека вложувањата не се големи, а заработката е повеќе од солидна. Така на пример, ако засадите невен на 10 ари може да се заработи околу 1.000 евра, а од бел слез двојно повеќе – 2.000 евра, додека пак иницијалните вложувања за да се почне со производство се минимални.
За истата површина, ако сакате да одгледувате невен ќе ви биде потребно 300 грама семе – килограм чини околу 35 евра.
Во соседна Србија, голем број рурални семејства се занимаваат со овие бизниси, а според нив заработката на годишно ниво стигнува и до 10.000 евра.
Други растенија за кои не треба да се прават големи инвестиции за да се засадат се босилек и артичока.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа