Ибрахим: Законот за Влада треба да се измени
Повеќе од јасно е дека Р. Македонија поминува низ исклучително важен и тежок период. Во вакви мигови до израз треба да дојде државничкиот карактер на политичките партии, но и на поединци.
Партијата за Движење на Турците (ТХП) смета дека политичките партии и поединци кои немаат државнички капацитет и се однесуваат деструктивно кон државните интереси. Капиталните одлуки се носат од страна на храбри политичари, а таквите кои калкулираат за свои лични и партиски интереси во никој случај не смеат да бидат дел од техничката влада.
Партијата за Движење на Турците (ТХП) смета дека треба да има измени во Законот за Влада, односно да не се дозволи политичките партии кои немаат државнички капацитет да бидат дел од влада на која основна цел треба да и биде организирање на предвремени парламентарни избори. Ова треба да биде јасна порака до сите политички партии и поединци кои се однесуваат деструктивно и се обидуваат да ја спречат интеграцијата во НАТО и ЕУ, соопшти Енес Ибрахим, претседател на Партија за движење на Турците во Република Македонија (ТХП).
Ново на Сител
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец