Фудбал
3. October 2018 - 9:42

И тоа се случи, судија даде гол со глава!

Во руска аматерска лига се случи нешто досега невидено, главниот судија постигна гол.

Необичниот момент се случи при изведување на пенал, голманот го одбрани ударот, топката се одби до главата на судијата  и влезе во голот.

Во ваков случај правилата велат дека голот треба да биде признаен.