И по 40 дена од неговата смрт сопругата на Манда неутешна - тој ми остави само...
Милорад Мандиќ Манда, еден од омилените српски актери, ненадејно почина пред 40 дена, но продолжи да живее во сеќавањата на своето семејство и колегите, кои уште не можат да веруваат дека го нема.
Сопругата Анастасија ни повеќе од месец дена од ненадејната смрт не може да ја сокрие тагата, но си ветила себе си дека ќе се сеќава на тоа што тој и пружил и оставил.
- Ајде да живееме само од љубов, напишала Ана потресен коментар под фотографијата која ја објавила на социјаните мрежи.
И колегите тагуваат по нивниот колега Манда.
- За мене заминувањето на Манда делува нереално и по 40 дена од неговата смрт, како да не се случило. Постојано имам впечаток дека ќе се појави од некаде и ќе рече: „ Ве пријдов“. Како времето минува, наместо да биде полесно, најискрено, најдлабоко, најчовечки велам дека ми е се потешко, изјавил Радош Бјалиќ, режисер на серијата „Село гори, а баба се чешла“ во која играше Манда.
Ново на Сител
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми