Балкан
13. May 2023 - 9:40

Хрватско МВР: Добивме сериозна закана упатена кон премиерот и министрите

Хрватското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека распоредиле дополнителни сили околу зградата на Владата откако биле упатени телефонски закани до премиерот Андреј Пленковиќ и министрите.

Вчера во утринските часови полициската управа во Загреб доби пријава од непознато лице, кое му се закануваше на премиерот на Република Хрватска и членови на Владата. Со оглед на добиената пријава односно сериозноста на заканите, дополнителни полициски сили се испратени и распоредени. Полициски службеници спроведуваат кривична истрага со цел да се утврдат сите околности и да се идентификува лицето кое ги упатило заканите, извести полицијата.

Владиниот портпарол претходно потврди дека полицијата била информирана за заканата и поради тоа во Владата бил испратен тим за интервенција.