Македонија
2. July 2016 - 18:53

Хорор во Градски парк: Невремето кршеше дрвја

Невремето со силен ветер и дожд кое попладнево го зафати Скопје, го скршило ова големо дрво во Градскиот парк.

За среќа, во моментот кога паднало точно над шеталиштето каде секој ден минуваат илјадници граѓани, немало минувачи, па нема повредени.

park2-drvo

Сепак, дел од огромната крошна удрила во најблиската зграда, каде сега станарите ги проверуваат можните штети. Некои од гранките се забиле во прозорците, но за среќа не ги искршиле.

park3-drvo

ФОТО: Република