Хорор во Бреза: Ја убил својата 6 месечена ќерка
Синоќа во 20:45 часот во Здравствениот дом Бреза е донесено мртво малолетно дете со повеќе повреди на телото, а констатирано е дека станува збор за насилна смрт.
Таткото на детето Н. Б. родена во 2016 година беше уапсен вечерва во Бреза, Босна и Херцеговина под сомнение дека ја удавил.
Според информациите на „Аваз", и според официјалните информации од оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Зеница-Добој кантон, околу 20:45 часот во Здравствениот дом Бреза е донесено мртво бебето со повеќе повреди на телото.
- Во таа прилика, е констатирана насилна смрт. За овој настан е известен дежурниот тужител Енес Сикирач. На местото на настанот дојде истражниот тим на полицијата.
Таткото на бебето е уапсен – а тоа е потврдено за „Avaz.ba" од оперативниот центар на Полицијата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за бранителите останува заглавен - Гаши нема да ја свика комисиската расправа
-
Орбан пристигнува во Охрид, градот под засилен безбедносен режим
-
Борисов: Албанија оди напред, Македонија ги трпи последиците од своето однесување
-
Пекарската индустрија се соочува со недостиг на кадар
-
Согорувањето на биомаса е главен загадувач на воздухот во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Бугарија мора да одговори до 16.12 кога ќе го смени Уставот за да ги признае Македонците