Согорувањето на биомаса е главен загадувач на воздухот во Струмица
Согорувањето на био масата главна причина за загадување на воздухот во Струмица
Со учество од 35% на годишно ниво и големи надминувања на граничните лимити во зимскиот период согорувањето на био масата е главниот извор на загадувањето на воздухот во Струмица. Како втор поголем загадувач е детектиран сообраќајот , додека другите извори учествуваат со многу помал процент. Ова се резултатите од мониторингот што го направи универзитетот Гоце Делчев од Штип во периодот од март лани до април годинава во рамки на проектот ,, Справување со загадувањето на воздухот,, кој се спроведува во пет општини во државата. За време на мониторингот биле собрани 190 примероци кои се анализирани во лабораторијата ,,Амбиком,, при УГД и се добиени шест извори на загадувања.
градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов вели општината реализира крупни проекти кои имаат за цел намалување на загадувањето и чување на животната средина. Дел од нив е гасификацијата и субвенциите за приклучок на истата, целосно електрифицираниот градски превоз и велосипедските патеки . За него добиените резултати од направената анализа ќе значат многу за понатамошните мерки кои општината ќе ги преземе за надминување на еден од најгорливите проблеми.
Резултатите од мониторингот на квалитетот на воздухот беа презентирани и на форум на заедницата кој беше реализиран во рамки на проектот. Целта на форумот беше да ги вклучи и граѓаните во целиот процес кои преку одредени предлози имаат можност да дадат свој придонес во надминувањето на проблемот. Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска, a се имплементира во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар