Свет
13. April 2018 - 20:31

Хејли: Трамп се уште не донел одлука за можна акција во Сирија

Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп се уште не донел одлука за можна акција во Сирија.

Таа нгласи дека силите на сирискиот претседател Башар Асад најмалку 50 пати користеле хемиско оружје за време на седумгодишната војна во државата.

– Нашиот претседател се уште не донел одлука за можна акција во Сирија. Но, доколку САД и нашите сојузници одлучат да дејствуваат во Сирија тоа ќе биде во одбрана на принципите за кои сите сме согласни, изјави таа на вонредна седница на СБ на ОН.