Харис Беќири од Ростуше совлада несекојдневен спортски предизвик – „Еверестинг”
Младиот планинар и спортист Харис Беќири од Ростуше, седиште на Општина Маврово и Ростуше, се впиша во листата на 612 луѓе во светот, кои го совладале напорниот и несекојдневен спортски предизвик, познат како Еверестинг, објави Медат Куртовски, повереник за надлежностите на градоначалник на Општината.
Додава дека тоа е всушност неформален формат на спортска активност – најчесто велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8848 висински метри, односно височината на Еверест, во еден единствен обид, значи, совладување на таа надморска височина на одредена делница (качување и симнување) повеќе пати.
-Харис го започна предизвикот вчера во 4 часот наутро, а го заврши успешно денеска, напладне, што значи дека се искачуваше и симнуваше околу 32 часа. За време на својот подвиг, доби поддршка од своите блиски, пријателите, соселаните, колеги планинари, медицински тим, како и од претставници на локалните институции и приватни фирми, вели Куртовски.
Ваквиот подвиг се пријавува во посебна асоцијација на светско ниво, која преку посебен софтвер води статистика и контрола за време на активноста. Со оглед дека Харис ја исполни целта, официјално се вбројува помеѓу 612 луѓе во светот кои го совладале спортскиот предизвик.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот