Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа
Хамас е подготвен да разговара за секој предлог за примирје во Појасот Газа, изјави претставник на палестинското движење по повеќе од една година војна со Израел, додека делегација на Хамас се наоѓа во Каиро на преговори со учество на египетски посредници.
Белата куќа во средата го промовираше новиот американски дипломатски напор, со помош на Турција, Катар и Египет, за обезбедување договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.
-Хамас е подготвен да ги проучи предлозите за прекин на огнот и постепено повлекување на Израел од Појасот Газа, изјави неименуван претставник на Хамас за француските медиуми, додавајќи дека „договорот треба да има меѓународни гаранции за да доведе до дефинитивен крај на војната, целосно (израелско) повлекување од Појасот Газа и размена на заробеници“.
Меѓутоа, Хамас сè уште не доби нова понуда, рече претставникот.
Според него, делегацијата на Хамас, предводена од Калил ал Хаја, ќе се сретне со шефот на египетската разузнавачка служба Хасан Рашад и други претставници одговорни за посредувањето со Израел.
Посетата на Египет доаѓа помалку од 48 часа откако во Либан стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и движењето Хезболах, сојузник на Хамас.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци