Македонија
7. July 2016 - 13:28

Хајндл: Договор за кризата мора да има пред летните одмори

Договор за надминување на политичката криза мора да има што поскоро, пред почетокот на летните одмори, изјавил за „Нова“ германскиот специјален пратеник Јоханес Хајнл по вчерашната посета на Македонија .

- За Македонија е мошне важно кризата што поскоро да се надмине бидејќи таа не е добра за инвеститорите кои и се потребни на македонската економија, вели Хајндл.

Прашан дали успешноста на неговата посета на Скопје, Хајнд истакнува дека неговата улога е посредничка, а одговорноста за состојбите е на политичките лидери и од нив зависи успешноста на процесот за надминување на кризата.

Јоханес Хајндл вчера во Скопје имаше средби со преставници на партиите потписници на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница.

Тоа беше четврта посета на Хајндл на Скопје од почетокот на мај годинава кога беше назначен за специјален пратеник на министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнамер со мандат да помогне во надминувањето на политичката криза во Македонија.