Групна тепачка со дрвени палки на булевар „Србија“ во Скопје
Денес во 02.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 02.00 часот во парк во близина на бензинската пумпа на бул.„Србија“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна расправија помеѓу К.И.(26) и Д.Љ.(22) двајцата од Скопје од една страна и непознато лице од друга страна, по што на местото на настанот пристигнале четири непознати лица со патничко моторно возило“ланчија“ кои со дрвени палки физички ги нападнале К.И.(26), Д.Љ.(22) и Д.А.(21) од Скопје кој се наоѓал во непосредна близина и по негово кажување не се познавал со останатите учесници ниту учествувал во претходната расправијата.
Лицата со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор им биле констатирани повреди. На местото на настанот излегле полициски службеници до СВР Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови