Груевски: Се изборивме за дијаспората и да нема бадинтер во ДИК
Во разговорите на работните групи за изборното законодавство се изборивме за дијаспората и да нема бадинтер во ДИК, истакна вечерва премиерот Никола Груевски.
Тој во интервју за телевизијата Канал 5, посочи дека е задоволен што успеале да го договорат Изборниот законик, кој во минатото бил една од темите на кои опозицијата си градеше алиби за своите неуспеси на изборите и второ што успеале да ги задржат основните постулати и концепти на овој закон.
- Една од работите на кои сериозно се атакуваше беше дијаспората, да нема претставник во Парламентот од дијаспората и тука се кршеа копјата бидејќи 90 отсто од дијаспората во минатото гласаше и ги поддржа политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа и се отвори прашањето за дијаспората, рече Груевски и додаде дека успеале со еден одреден компромис да го задржат гласањето на дијаспората и таа да има претставници во Парламентот.
Втората значајна работа која ја постигнале рече е отфрлање на барањето за бадинтер при гласањето во ДИК.
- Направивме други комбинаторики, кои можеби не се идеални, но се подобри од она што претходно се нудеше да гласањето во ДИК биде суспендирано преку гласовите на партиите на помалите етнички заедници, што пак дава голема предност за нив. Второ дава предност само на една партија, која може не само да ги загрози гласовите и резултатите од изборите на поголемите партии како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, туку и на партиите од помалите етнички заедници, вклучувајќи ја и албанската етничка заедница. Тоа беше едно непринципиелно барање. Се најде решение и за тоа кое велам не е идеално, но е многу подобро од тоа што претходно се говореше, додаде Груевски.
Ново на Сител
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите