Македонија
9. April 2017 - 17:03

Груевски најави нова странска фабрика што ќе се смести во кругот на ,,Охис‘‘ и ќе вработи 200 лица

Нова директна странска инвестиција од американска компанија најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Во простории на ОХИС ќе се лоцира капацитет на компанија која работи во медицинската индустрија и ќе овозможи 200 нови вработувања.

По германската Франц Кил која ќе почне со работа во тетовско и новата фабрика на Адиент односно Џонсон Контролс во Струмица, Груевски потенцираше дека ова е уште една од инвестиција која се реализира во екот на тешка политичка криза.

Според најавите, фабриката Франц Кил во Желино официјално почнува со работа во браунфилд објект во јуни. Дотогаш треба да стартува со работа и новиот капацитет на Адиент во ТИРЗ Стумица. Во нов објект летово ќе го префрли производостовото и ОДВ Електрик во зоната во Охрид. Привршува и втората фаза на инвестицијата на Ван Хул во зоната кај Скопје, каде наскоро треба да почне да се гради и турската фабрика за кабли.