Груевски: Граѓаните се нашиот најдобар одговор за тоа што работиме
Граѓаните знаат кој работи во нивна корист и тоа ќе го потврдат по десетти пат без разлика на атмосферата што со фабрикување афери се обидува да ја креира СДСМ и нивните медиуми. Правдата и вистината на крајот секогаш ќе победат, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој промовираше седум нови мерки наменети за младите.
- Додека ние промовиравме проекти и реформи, нови фабрики и нови работни места, некој упорно се обидува да промовира афери, манипулации и скандали. Додека ние се бориме за стабилност, привлекување инвестиции и отворање нови работни места, некој се обидува да конструира кризи и тензии и да ја влече нашата земја кон дното, би рекол кој за што се определил во своето делување, истакна Груевски.
Деновиве, како што рече, сме сведоци на кулминација на таквата деструктивна политика на СДСМ.
- Деновиве сме сведоци на уцени, закани, навреди и провокации. Се обидуваат да наметнат закони за цензура и да го опструираат единствениот излез од политичката криза која ја наметнаа, а тоа се изборите на 24 април 2016 година, на кои што само народот одлучува. Тие знаат дека ако нема криза и ако нема конфликт, тогаш немаат што да им понудат на граѓаните. Затоа се плашат од излегувањето на земјата од кризата и затоа не сакаат да се соочат со граѓаните на 24 април. Жално е што тие мислат дека кризата на целата држава е излез од состојбата во која тие се наоѓаат, рече Груевски.
Од тие причини, додаде Груевски, Зоран Заев очајнички бара помош, каква било, од тие причини тој најавува обвиненија, притвори и се надева дека тоа ќе влијаело на кампањата.
- Тоа што Зоран Заев не може да го разбере е дека ВМРО-ДПМНЕ е поголемо од неговите закани и од неговите криминогени, деструктивни планови. Нашите проекти и нашата доверба кај граѓаните е многу поголема од омразата која блика од Заев и неговите први соработници и која станува основа на секој нивен потег, нагласи Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи, ги охрабрува правосудните органи да не подлегнуваат на никакви притисоци, да работат исклучиво согласно словото на законот и да не дозволат да бидат вовлечени во политичка кампања.
- Нашиот народ е мудар и гледа, гледа се. Добро знае кој и зошто повторно се обидува да не вовлече кон дното. Тоа нема да помине. Тоа нема да им помине едноставно. Нашата макотрпна работа, нашите проекти за граѓаните се нашиот најдобар одговор за тоа што работиме, но и се детерминантата за нашето делување. Ние знаеме дека народот е со нас и тоа ни дава неисцрпна и дополнителна сила да продолжиме напред кон нови проекти, нови идеи, нови мерки, мерки за сите граѓани затоа што Македонија мора и ќе оди напред и тука нема запирање, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад
-
Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
-
Две лица повредени откако тинејџерка со автомобил излетала од патот
-
61-годишник со „мерцедес“ излетал кај Миладиновци, четири лица повредени