Груби: Во октомври треба да заврши целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје – Блаце
Првиот вицепремиер Артан Груби преку неговиот фејсбук профил денеска информира дека во октомври годинава треба да заврши целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје – Блаце.
„За жал, поради непочитување на патната сигнализација пред тунелот од страна на неодговорни лица, но и поради значително зголемениот проток на сообраќај, се создаваат долги редици од автомобили.
По реакциите и барањата на голем број граѓани, синоќа и денеска ЈПДП разговараше со изведувачот и надзорот. Асфалтирањето на едната лента од тунелот завршува во понеделник. Потоа ја разгледуваме можноста од вторник да ги прекинеме работите на другата лента за да се овозможи непречен сообраќај на двете ленти во текот на месец август за да се избегнат долгите редици во екот на туристичката сезона и зголемениот проток на автомобили“, напиша Груби.
Според него, работите на тунелот ќе продолжат во септември, а датумот на завршување на работите исто така ќе се помести.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци