Грција се подготвува за неколкудневно невреме со обилен дожд, град, силен ветер и молњи
Државниот механизам е во готовност, а доколку е потребно ќе биде активиран и бројот 112 за итни случаи за предупредувања на граѓаните, според министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиљас во пресрет на најавеното невреме што ќе зафати повеќе делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во надлежното Министерство вчера беше одржан вонреден состанока откако Националната метеоролошка служба издаде вонредно предупредување за обилни врнежи од дожд и невреме придружено со град и голема фреквенција на молњи, со засилен ветер и забележлив пад на температурата.
Најмногу дожд се очекува во централна Грција, во северниот дел на островот Евија и на Пелопонез.
Министерот Кикиљас на состанокот истакнал дека целиот механизам за цивилна заштита е во состојба на готовност и ја нагласил потребата сите да бидат целосно подготвени, за да може да се преземат неопходните превентивни мерки и да има навремено справување со сите проблеми што би настанале поради невремето.
Паралелно било одлучено и да се активира бројот 112, доколку е потребно, за да се испраќаат предупредувачки пораки до жителите на одредени области во зависност од текот на временските појави.
Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи упатија препорака до граѓаните да бидат внимателни, да ги следат упатствата на надлежните и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита.
Ново на Сител
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми