Свет
10. April 2019 - 8:58

Гранди повика да не им се затвора вратата на граѓаните на Венецуела

Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди апелираше до земјите од Латинска Америка да ги „држат вратите отворени“ и да ги намалат ограничувањата за граѓаните на Венецуела, кои бараат засолниште.

Во обраќање во Советот за безбедност на ОН, Гранди наведе дека 3,5 милиони граѓани на Венецуела ја напуштиле својата земја, а дека ги прифатиле 15 други земји меѓу кои се Колумбија, Перу, Еквадор и Бразил и повика да се зголеми поддршката за нив.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска ќе се обрати во Советот за безбедност во врска со кризата во Венецуела.