Гран при за монодрамата „Контрабас“ со актерот од Азербејџан Шовги Гусеинов
Актерот од Азербејџан Шовги Гусеинов кој на интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2018“ ја изведе монодрамата „Контрабас“ е годинашен добитник на највисокото фестивалско признание, наградата Гран при.
Меѓународното стручно жири, предводено од македонскиот режисер Коле Ангеловски соопшти дека одлуката е донесена за севкупен впечаток, односно изборот на музиката во монодрамата, режијата и посебно, актерското мајсторство на Шовги Гусеинов од Азербејџан.
Меѓународното жири додели и награда за најдобар актер на фестивалот за како што беше посочено, извонредна актерска игра, покажан талент и познавање на актерскиот занает од страна на актерот од Полска, Матеуш Новак.
Според востановената традиција, на свеченото затворање на фестивалот беше доделена награда од публиката која годинава гласаше за хрватскиот актер Тарик Филиповиќ кој во Битола ја изведе монодрамата „Ќиро“.
Интернационалниот фестивал на монодрама 20 години го организира Центар за култура-Битола.
Ново на Сител
-
Норвешка силно го поздравува Преспанскиот договор и решавањето на спорот со Грција
-
Со лопата удирал по оградата на соседот во Радишани, а потоа го удрил и него
-
Гордана Силјановска Давкова и официјално кандидат за претседател на Македонија
-
Ечеше во „Јане Сандански“ – Ој Вардаре Македонски
-
Пет пожари за два дена од горење отпад од лозја во Кавадаречко
-
Заев и Ципрас: Им го посветуваме Договорот на младите генерации за нивната иднина, вредеше
-
Се урна дел од зграда на универзитет: Спасени сите студенти и професори
-
Драма во Прилеп: Нападнат вработен во Брза помош