Градот Скопје демантира
Попладнево стаса одговорот од Град Скопје, оттаму негираат дека им се должат пари на уметниците кои лани ги забавувале скопјани на плоштадот Македонија.
-Градот Скопје нема договор за ангажирање на уметници за 2024 година, таа обврска ја превземала Комората на музичка индустрија која учествувала на јавен повик каде истакнала дека ќе организира настан финансиран од повеќе извори, а за јавниот повик во Град Скопје на кој учествувале, не склучиле договор ниту доставиле документација за реализација на настан во согласност со условите на јавниот повик. За овие постапки на кКомората на музичка индустрија, Градот Скопје нема вина, напротив подготвува тужба за утврдување на одговорност за истото кон одговорното лице во комората. Ги упатуваме сите уметници и лица кои се изиграни од страна на организаторот со кој имаат склучено договор, да покренат постапки за наплата согласно утврдените услови и апелираме да не се потпаѓа под политички или било какви други манипулации во обид на комората да избегне одговорност во овој случај, велат од Градот.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ