Градинките во Велес добија директор, останатите локални институции се уште со вршители на должност
Општинската јавна установа детска градинка „Димче Мирчев“ од денеска е со директор, на функцијата избрана е Маја Велиновска и досега вработена во оваа установа, откако на досегашната в.д. директорка и истече мандатот и беше распишан оглас.
Како што информира за МИА, Елизабета Јовевска секретар на Општина Велес, во тек е оглас за избор на директор во ЈКП „Дервен“ каде исто така му истекува мандатот на сегашниот в.д. директор. Во Народниот музеј, пак, на 30 јануари годинава поради немање пријавени соодветни кандидати по распишаниот оглас за избор на директор, на досегашниот в.д.директор Марин Клифов по вторпат му е продолжен мандатот времен директор на оваа значајна установа од областа на културата.
-Во останатите јавни локални институции кои исто така се со в.д. директори: Средношколскиот дом „Лазар Лазаравески“, ЈП „Парк спорт“ и повторно за Народниот музеј, поради претстојните избори, огласите за избор на директори ќе се распишат по нивното завршување, информира Јовчевска.
Инаку ЈП „Парк спорт“ и ЈКП „Дервен“ во изминатите две години имаа по три нови в.д. директори и се уште функционираат со в.д. директор.
Според изјавата на градоначалникот Аце Коцевски на една од последните прес-конференции, во Велес има сериозен недостиг на квалитетни стручни кадри. Причината за тоа, според него се должи на селењето од градот на голем број високо образовани стручни кадри, но и поради строгите законски критериуми за извршување на овие функции кои кандидатите тешко можат да ги исполнат.
-Ние како локална власт сме принудени во недостиг на соодветни кадровски решенија наместо директори да именуваме времени вршители на должност или в.д. директори, а со цел непречено работење на овие значајни локални институции од различни области, појасни тогаш Коцевски.
Ново на Сител
-
Војната во 2001-та вистински предизвик за известување за младата редакција на Сител
-
Информативната редакција на Сител со Марјан Ѓуровски
-
Информативната редакција на Сител со Јасминка Аневска
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница