Град Скопје: Вината е кај возачот на камионот
Градот Скопје реагира на невистините што во текот на изминатите два дена беа пласирани во медиумите во врска со пропаѓањето на камион во површинската фонтана на плоштадот „Македонија“, како и на обвинувањата дека станува збор за неквалитетна градба на оваа фонтана.
Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на Град Скопје.
Сакаме да нагласиме дека површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е градена според сите стандарди за изведба на ваков тип фонтани. Станува збор за површинска, таканаречена сува фонтана со вкопано армирано-бетонско корито.
Водата што прска од фонтаната понира меѓу плочите, се прочистува и се враќа во системот. Поради таквиот начин на работа, површинските фонтани никаде во светот не се предвидени по нив да се движат возила, а особено не тешки товарни возила.
Градот Скопје сака да појасни дека околу плоштадот „Македонија“ има кружна црна патека од гранит којашто е предвидена да издржи тежина на камиони. Дополнително, пред одржувањето на пречекот на европскиот ракометен шампион „Вардар“, на плоштадот имаше 5 (пет) чувари кои ги насочуваа камионите со опрема да се движат токму по црната гранитна патека. Камионот на ЈП „Улици и патишта“ што пропадна во површинската фонтана носеше огради (сопственост на МВР) предвидени за просторот пред и околу бината. Но, и покрај укажувањата на чуварите, возачот на камионот го завртел возилото кон фонтаната и пропаднал. Други камиони кои ги почитувале укажувањата од чуварите да се движат по црната гранитна патека без пречки ја транспортирале опремата за бината.
Оттука, грешката за пропаѓањето на камионот во површинската фонтана на плоштадот „Македонија“ е исклучиво кај возачот на камионот кој претходно бил предупреден дека возењето по оваа фонтана е забрането.
Во текот на вчерашниот ден екипи на Градот Скопје вршеа увид во направената штета на површинската фонтана на плоштадот „Македонија“, која ќе биде поправена и ставена во функција.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки