Главната опозициска партија во Турција ќе побара пребројување на 60 отсто од гласачките ливчиња на референдумот
Главната опозициска партија во Турција ќе побара пребројување на 60 отсто од гласачките ливчиња на референдумот за уставни измени, изјави Ердал Аксјунгер, заменик-претседател на Народнорепубликанската партија.
Партијата претходно соопшти дека при спроведувањето на референдумот биле извршени „незаконски активности“.
Лидерот на турската Партија на националистичко дејствување Девлет Бахчели, пак, изјави дека резелутатите од референдумот за уставни измени треба да се почитуваат.
Тој ги оцени резултатите како неспорен успех. Партијата на Бахчели ги поддржа уставните измени.
Според првичните неофицијални резултати од референдумот при преброени 99 отсто од гласовите, за поддршка на уставните измени гласаа 51,3 отсто од турските избирачи. Одѕивот на референдумот изнесувал 86 отсто. Но трите најголеми градови во Турција, Истанбул, Анкара и Измир гласаа со „не“ на референдумот.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?