Главната актерка од „Црната роза“ проживува тешки моменти во реалниот живот
Турската успешница “Црната роза” за кратко време ги освои не само гледачите во Турција, туку и гледачите низ сите балкански земји, вклучувајќи ја и Македонија каде е на врвот на гледаноста.
И додека серијата доживува успех секаде каде што се емитува, главната глумица Еџе Услу (Ебру) проживува тешки моменти. Лани, Еџе се развела од својот сопруг Мурат Сараџоглу, а судот и го препишал нејзе старателството над синчето. Од тогаш, Мурат мора да плаќа голема сума алиментација за синот, а 10 посто од својата заработка мора да ги вложува во фонд кој ќе го користи синот кога ќе стане полнолетен.
Финансиски можеби не поминала лошо, но глумицата се уште ги трпи психичките последици од разводот. Имено, Мурат е режисер на “Црната роза” и поради тоа, таа мора да го гледа секојдневно на снимањата на серијата.
Снимањата се одвиваат во Гизантепа, а не во Истанбул, на што Еџе вели :
– Мило ми е што не снимам во Истанбул, малку подалеку од таа врева и гужва на големиот град. Ова место ми е веќе познато, затоа што пред десетина години тука ја снимав “Судбината на една Зерда”, а сега со “Црната роза”, повторно си ги оживувам тие спомени. Можеби вака, оддалечена од семејството и пријателите, мојот приватен живот трпи, но и да снимав во Истанбул, пак ќе немав време за нив затоа што снимањата бараат многу напорно темпо и одрекување од многу приватни работи.
Во “Црната роза” глуми грижлива мајка која се бори за иднината на своите деца. И покрај тоа што ја гледаат милиони гледачи во Турција, Европа и Азија, сепак Еџе не навикнала да се гледа самата на екран.
– Ја сакам својата работа, но можам да кажам дека сум многу самокритична. Затоа ме заморува гледањето на самата себеси. Знам неизмерно многу да си ја критикувам глумата, па дури и шминката, фризурата, сценариото. Тоа е можеби и поради тоа што сум голем перфекционист – вели Еџе и додава за нејзината улога – Ебру е градска жена чија темна боја и дебелина на веѓите во серијата наиде на многу критики кај гледачите и медиумите. Ни мене не ми се допаѓа тоа, но што да правам, таква е идејата на продуцентите. Многумина замеруваат дека жените во конакот со своите фризури не личат на селски жени, но секој има свое мислење.
Откако го напушта сетот, таа заборава на глумата и се посветува на приватниот живот и слободното време кое се’ помалку го има. Не дава многу изјави за медиуми и не сака кога ќе ја фотографираат папараци без нејзина дозвола. Сака мирен живот како сите нормални луѓе.
Кога би требала да се опише, црната роза за себе ќе каже :
– Флексибилна личност сум, емотивна, дисциплинирана, одговорна и грижлива, топла, прецизна. Работата ја сфаќам сериозни, но го сакам и приватниот живот, се грижам за своите сакани, сакам да минувам време во природа, со пријателите и животните. Не поднесувам неискреност и неправда. Многу лаги знам да премолчам, но многумина ќе се изненадат кога веќе не можам да го држам тоа во себе и тогаш “пукам”. Значи избувлива сум во тие моменти, и можеби треба да поработам на тоа, д аможам да го контролирам во иднина. Ако сакам – сакам, ако не сакам – не сакам, и сите знаат дека сум таква личност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ