Ѓукановиќ: На Црна Гора и треба одговорна Влада, а не ринге, ринге раја политика
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека не сака да прејудицира што ќе прави доколку Собранието на Црна Гора не го скрати својот мандат на 30 септември, но изјави дека неговиот потег ќе биде во согласност со Уставот.
– На Црна Гора и треба одговорна влада, а не ринге, ринге раја политика, изјави Ѓукановиќ за новинарите во Будва каде учествува на конференцијата на Американско-јадранската повелба (А5), пренесува „Вијести“.
На прашањето дали поради тоа што нема комплетен Уставен суд не можат да се одржат локални избори, Ѓукановиќ рече дека локалните избори ќе се одржат на 23 октомври.
Црногорскиот претседател на 20 септември и испрати на претседателката на Собранието Данијела Ѓуровиќ предлог за скратување на мандатот на парламентот, истовремено соопштувајќи дека го отфрлил предлогот на старото парламентарно мнозинство да го прифати Миодраг Лекиќ за мандатар на новата влада.
Ѓукановиќ тогаш изрази уверување дека до нова влада може да се дојде само со одлука на граѓаните на избори.
Ново на Сител
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици