Ѓорѓиевски се заблагодари на граѓаните што го поддржаа и му честиташе на победникот во Куманово
Зоран Ѓорѓиевски од Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ заедно со кадидатите за советници, одржа прес конференција на која се заблагодари на граѓаните кои гласаа на овие избори и кои додаде со својот глас одлучиле во каков град и држава сакаат да живеат, на соработниците и активистите од партијата, на медиумите. Тој му честиташе на победникот.
- Достоинството, присебноста, разумот ни налагаат на мене и тимот со кои настапувавме во кампањата да ја приближиме нашата визија за идното Куманово во кое би сакале да живееме сите ние. За наша жал не беше препознаено од поголемиот дел од нашите сограѓани, рече Ѓорѓиевски.
Истакна дека одлуката на граѓаните ќе ја почитува и додаде дека не сака да ги дели граѓаните на „наши“ и „нивни“, бидејќи нагласи никогаш и не ги делел.
Ѓорѓиевски им се заблагодари на членовите и активистите за ангажирањето во кампањата, за која потенцира по многу нешта била уникатна и специфична.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред