Свет
28. јуни 2016 - 18:21

Ги Верхофстад го обвини Најџел Фараж за „нацистичка пропаганда“

Поранешниот белгиски премиер и актуелен лидер на групата на либералите во Европскиот парламент, Ги Верхофстад, го обвини лидерот на антиевропската Партија на независноста на Обединетото кралство (УКИП), Најџел Фараж, за водење „нацистичка пропаганда“ во текот на кампањата за референдумот во Велика Британија.

Како пример за тоа, Верхофстад го спомена последниот постер на партијата со големата фотографија со бегалци-муслимани.

Во силната и остра полемика на Белгиецот со британскот европратеник, беше спомената и лажната кампања и изнесувањето невистини или полувистини за состојбите во ЕУ и за давачките што Велика Британија ги издвојува за европскиот буџет, без да се спомене колку пари таа користи од европските фондови.

- Сега по заминувањето од ЕУ, ќе се ослободиме од најголемата , непотребна давачка од буџетот на ЕУ, а тоа се 17 години издвојување пари за вашата плата, му порача Верховстад на Фараж.

Поранешниот белгиски премиер остро го осуди и однесувањето на предводникот на групата за Брегзит, Борис Џонсон, кој сега се споменува како главен фаворит за наследник на премиерот Дејвид Камерон, кој во петокот поднесе оставка.

Не споменувајќи го директно Џонсон, лидерот на либералите во Европарламентот ја нападна, како што рече, „себичноста на еден човек, подготвен да направи се само за да стане британски премиер“.

Фараж, кој долги години е европратени во групата на евроскептиците, возврати дека ЕУ е во „линија на паѓање“ и дека со Брегзитот им се помогнало на другите да го следат примерот на Велика Британија.

Тој ги обвини европратениците дека земаат пари за плати, а дека никој од нив ништо практично не направил, предизвикувајќи остра реакција од колегите, затоа што ниту сега, а ниту порано има соопштено, што самиот има направено за високата плата што ја прима.

Верхофстад се заложи за тоа веднаш да се почне со примената на членот 50 за радружување на Велика Британија и ЕУ.

- Ние другите 27 земји членки, не можеме да чекаме на дезориентираната Конзервативна партија (во Велика Британија) за да се соземе и да почне да дејствува, рече Гиј Верховстад во дебатата во Европскиот парламент.