Гевгелиска Бојмија ќе биде заштитена од фекална и отпадна вода
Во реонот на Бојмијата почна спроведувањето на втората фаза од изградбата на канализациската мрежа во која треба да се инсталира секундарна цевководна мрежа во должина од околу три километри и да се изградат 116 канализациски шахти, потврдија денеска од Општина Валандово.
-Реализацијата на втората фаза од изградбата на канализациската мрежа е од огромно значење за реонот на Бојмијата, кој конечно ќе биде целосно опфатен со примарна и секундарна канализациска мрежа за фекална и отпадна вода, велат од општината и сметаат дека со оваа капитална инвестиција се решава најголемиот комунален проблем за граѓаните од Бојмијата.
Проектот треба да се реализира во рок од 120 дена по што Општина Валандово вети дека ќе продолжи и понатаму да реализира проекти кои ќе овозможат еднакви услови за квалитетен живот на сите жители од општината.
Ново на Сител
-
Опожарени три автомобили во Расадник во скопска Кисела Вода
-
Околу 500 000 метри кубни дрва годишно завршуваат на црниот пазар
-
Без нов закон за средно образование нема целосна инклузија на лицата со попреченост
-
На Охрид му треба елитен или масовен туризам
-
Мариовско- Мегленски средби
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со историчарката Наташа Котлар
-
Со ново одделение ЈО ќе се бори против корупцијата