Германски научници: Повеќе од три четвртини пациенти опоравени од Ковид-19 развиле долгорочни проблеми со срцето
Две нови студии на германски научници укажуваат на тоа дека повеќе од три четвртини од пациентите кои неодамна закрепнале од Ковид-19 развиле долгорочни проблеми со срцето, дури и ако нивната состојба не барала хоспитализација.
Резултатите од магнетната резонанца на срцето извршени на сто опоравени, лекарите ги споредиле со резултатите од ист тест извршен врз стотина лица кои не биле заразени со вирусот. Просечната возраст на испитаниците била 49 години, а две третини од пациентите закрепнале дома.
После нешто повеќе од два месеци, заразените пациенти имаат поголема веројатност да развијат проблеми со срцето во споредба со испитаниците во контролната група.
Се покажа дека огромното мнозинство од пациентите, 78 од нив, имале сериозно оштетување на срцевиот мускул, како што е она што се појавува по срцев удар.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ