Германската Влада ја зајакнува контролата врз разузнавачките агенции
Германскиот владин Кабинет на својата денешна седница одобри предог закон за реформа на разузнавачките агенции, јави дописникот на МИА од Берлин,
Реформите, кои беа долго време одлагани, треба особено да ја зголемат владината контрола врз активностите за електронско и други видови на следење на лица, што предизвикаа неколку скандали во последниве неколку години.
Предлог законот на колаициската влада во Берлин се случува откако минатата година беше откриено дека Федералната разузнавачка агенција (БНД) и помагала на американската Агенција за национална безбедност (НСА) да ги шпионира европските сојузници, што предизвика незадоволство во јавноста и критики за канцеларката Ангела Меркел.
Германскиот Парламент за предлогот на Владата треба да расправа пред почетокот на својот летен одмор кон средината на јули.
Според владините предлози, БНД нема да може да шпионира земји членки на ЕУ и нивни граѓани, освен во случај на можни терористички активности, ниту пак нејзините агенти ќе можат да вршат економска шпионажа.
Предложениот закон содржи член кој предвидува формирање независно тело составено од судии од Уставниот суд и вработени во канцеларијата на сојузниот Јавен обвинител, кои ќе треба да дадат зелено светло за стратегиските шпионски активности надвор од Германија.
Во април оваа година шефот на БНД, Герхард Шиндлер поднесе оставка на својата позиција под притисок од сојузната влада. Според германските медиуми, тој си заминал поради несогласување со барањата да се спроведат реформи во службата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр