Германската полиција разби криминална група за шверц со луѓе
Германската полиција изутринава започна акција во Берлин против меѓународна криминална група, која е специјализирана за шверц со луѓе.
Полицијата изврши претрес во вкупно 11 објекти и издаде налог за апсење на еден албански државјанин, соопшти портпарол на полицијата.
Во станот на осомничениот биле откриени четири лица, за кои постои сомнеж дека се жртви на шверц со луѓе. Исто така, пронајдени се и повеќе документи, меѓу кои и пасоши.
– Во потрага сме по докази, со цел да се уапси групата осомничени, се додава во полициското соопштение.
Според весникот „Билд“, криминалната група е составена од членови со потекло од Грција, Северна Македонија, Косово, Албанија, но и од Германија. Тие главно патувале со автобуси и авиони како туристи во Германија, каде бандата им давала лажни грчки или италијански дозволи за работа.
Цената е формирана зависно од квалитетот на фалсификуваните документи, а познато е дека морале да плаќаат меѓу 5.000 и 9.000 евра по лице. Воспоставувањето контакт со бандата е овозможено преку локални туристички агенции, а на „клиентите“ времено им се давале на користење и станови во Берлин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Преглед на вести од светот
-
Мендух Тачи и официјално надвор од Европскиот фронт, ДУИ сè уште го бројат за нивен
-
Муртезани: Се бара ново решение за спорот со Бугарија со претставници од ЕУ, ќе биде обелоденето по бугарските избори
-
Лидерите од регионот порачаа: Европската унија не е целосна без Западен Балкан
-
Македонија се задолжи 500 милиони евра во Унгарија
-
Дурмиши: Без ограничени маржи, храната ќе се продаваше поскапо
-
Македонија е на петто место во Европа по иселувањето на високообразовен кадар