Бизнис
8. October 2024 - 16:33

Дурмиши: Без ограничени маржи, храната ќе се продаваше поскапо

Заштеда од 10 до 20 евра по домаќинство донесе владината мерка за органичени маржи до 10%. Ако не беше есенската кошница, наместо намалени, граѓаните ќе плаќаа поскапи  производи ,  покажала анализата на министерот за економија.  Сепак Дурмиши признава дека поевтинување на некои  прродукти опфатени со одлуката -  воопшто немало

- Првичните анализи кажуваат дека цените се намалени во просек од 5 до 10 отсто, кај некои намалувањето на цените е помало, или воопшто го нема - како на пример лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи имаше значително поголемо намалување - месо, зеленчук, млечни производи, сирење, кашвала и друго,рече Дурмиши.

Поголемо намалувње на цените се очекува крајот на месецот, кога ќе се потрошат залихите на трговците со новиот закон за нефер трговски практики. Иако веќе стапи на сила, владата им даде уште 3 месеци рок да се прилагодат и да склучат нови договори со производителите и добавувачите. До тогаш  во Собранието треба да се изгласа и Законот за заштита на конкуренцијата, со кој антимонопослка ќе ги има ингеренциите за спроведување на овој закон.

- Антимонопосла ќе излегува на терен и ќе набљудува, а веќе од следната година ќе казнува, додава Дурмиши.

Инаку вчера државната статистика објави дека трошоците за живот и натаму растат,  а  најголемо поскапување има кај зеленчукот од 7,5 %,  чоколадите, шеќерот и медот скоро 5,  кафето 9 и  безалкохолните пијалоци  над 7 отсто.Затоа од СДСМ сметаат дека мерките на владата се задоцнети и немаат ефект. Актуелните политики на Мицкоски и ДПМНЕ се погрешни и со нив стандардот на граѓаните ќе се намалува и понатаму. Време е за итна интервенција и нови мерки, велат од СДСМ.

Токму поради високите цени постојано расте и месечната потрошувачка кошница, која според Синдикатот,  надминува илјада евра. Затоа бараат зголемување на минималецот, а аргументите со Владата и Организацијата на работодавачи ќе ги вкрстат во четврок, за кога е закажан социо економскиот совет.