Амбасадор на САД: Проектот Јадар за литиум е добар проект за Србија
Амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил изјави дека проектот Јадар е „добра можност за Србија, но дека Србите мора да одлучат“, дека на оваа тема забележал „антизападен наратив“ на протестите против ископувањето на литиум, порачувајќи дека САД ја поддржуваат слободата на собирање, но и дека некои од учесниците не се занимаваат со интересите на Србија, туку на Русија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Српскиот народ има право да се искаже во дебатата за литиум или за кое било друго прашање. Слободата на собирање е суштински елемент на демократијата и ние гласно ја поддржуваме.
Во врска со одредени демонстрации против литиумот, многу од демонстрантите беа класични еколошки демонстранти, чие мислење се разликува од властите и некои инвеститори.
Затоа претседателот на „Рио Тинто“ дојде во Србија, помина извесно време слушајќи ги луѓето и се обиде да одговори на некои прашања, рече Хил во интервју за телевизијата Н1.
Во врска со проруските учесници на протестите Хил кажа да „ако ги погледнеме некои од учесниците, не сите, тие се оние кои не се занимаваат толку со преокупациите на Србија, туку со преокупациите на другите, конкретно на Русија.
Да бев Србин, ќе бев загрижен. Постојат обвинувања дека Америка ги поддржува некои од тие демонстрации, но ние се обидуваме да осигураме тоа да не биде случај“.
Хил посочи дека не гледа што прави Русија, и дека не гледа да таа инвестира во Србија, туку, како што оцени, „напротив, се обидува да го забави секое движење на Србија кон Запад“.
Амбасадорот на САД оцени дека Србија остава впечаток на земја која се позиционира како да е на Запад и дека се движи во вистинската насока.
Оценувајќи дека литиумот моментално се експлоатира и во САД и неколку европски земји, вклучително и Германија, Хил оцени дека тоа е дел од иднината, и иднина на економијата, иднина на транспортот и дека не е случајно што германскиот канцелар Олаф Шолц беше во Србија, како и други водечки западни компании.
Ново на Сител
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ