Свет
6. September 2016 - 15:05

Германија одобри инвестиција од 58 милиони евра за базата Инџирлик

Германското Министерство за одбрана одобри инвестиција во висина од 58 милиони евра за воено воздухопловната база Инџирлик во Турција, од каде германската aрмија и пружа поддршка на меѓународната коалиција предводена од САД во борба против Исламска држава.

Германското Министерство за одбрана привремено ја имаше запрено инвестицијата, неопходна за изградба на нов аеродром, команден пункт и за сместување за војниците.

Инвестицијата беше запрена поради дипломатскиот скандал предизвикан од турската Влада која бараше да им се забрани на германските пратеници да ја посетат базата.

Односите меѓу Германија и Турција се влошија во мај кога Бундестагот изгласа резолуција со која се признава геноцидот врз Ерменците во Отоманската империја во 1915 година.