Германија на пресвртница: Јамајка или Семафор коалиција
Германија е на пресвртница. На изборите победија социјалдемократите и притоа остварија еден од нивните најдобри самостојни резултати. Најверојатно, нивниот кандидат Олаф Шолц ќе ја наследи Ангела Меркел на позицијата канцелар. Сепак, аналитичарите потенцираат дека победата е премногу тесна и оти ќе биде потребно да се изоди долг пат за да се состави нова влада, која најверојатно ќе биде составена од три партии.
ЦДУ на Меркел, од друга страна, ги постигна своите стандардни резултати, но нивниот помал партнер ЦСУ доживеа најлош резултат на изборите за Бундестагот од 1949 година, па аналитичарите предвидуваат дека ќе бидат неопходни реконструкции во партијата. Либералите и Зелените добиваат повеќе доверба, и веројатно тоа ќе биде тој тас на вагата што ќе доведе до нова коалиција. Можни се коалиции, но, по се изгледа, никогаш повеќе црвено-црна.
На изборите одржани во неделата милиони Германци гласаа за различна политичка партија отколку пред четири години, а владејачките конзервативци загубија најмногу гласачи. Според анкетата спроведена од Инфратест Институтот за истражување на јавното мислење, по барање на телевизијата АРД, 1,4 милиони Германци им свртеа грб на унионистите и се одлучија за социјалдемократите, повеќето од нив повозрасни лица и жени.
Покрај тоа, околу 900.000 гласови на ЦДУ/ЦСУ и припаднаа на Зелената партија, а 340.000 на либералите, пренесува ntv.de. Покрај тоа, Зелените оваа година добија 470.000 гласови од Левица и 320.000 од социјалдемократите. Истовремено, 590.000 поранешни гласачи на Левица гласаа за социјалдемократите.
Резултатите од изборите ја втурнаа Германија во политичка неизвесност и значат дека ќе бидат потребни недели, па дури и месеци, пред да стане јасно кој ќе биде наследникот на Меркел како канцелар. Шолц и Армин Лашет посочија дека ќе работат на решавање на ситуацијата до крајот на оваа година.
Резултатите од изборите се личен успех за Шолц, чија кандидатура за лидер на СДП беше одбиена пред две години. Сепак, Шолц се врати во политичката борба, стана кандидат за канцелар на социјалдемократите и речиси исклучиво со сопствени напори успеа да ја промени судбината на неговата партија.
Резултатите од изборите во Германија покажуваат дека социјалдемократите добиваат помалку од два проценти предност пред демохристијаните на Меркел, пишува Њујорк тајмс.
На социјалдемократите им е потребна поддршка од други партии за да формираат влада. Германците гласаа за промена, објави Њујорк тајмс. Во Германија претстои борба за функцијата канцелар, пишува весникот Фигаро.
Според аналитичарите, можни се три сценарија: Семафор коалиција, Јамајка коалиција или широка влада. Експертите дури не ја исклучуваат можноста и за повторување на изборите.
Кога станува збор за идните можни коалиции, и математички и политички можни се две опции. Според политикологот Вишеслав Раос и во двете опции во владата ќе бидат и либералите и зелените. Прашањето е кој ќе ја предводи таа влада – социјалдемократите или демохристијаните.
Во зависност од партиските бои, коалицијата Семафор е онаа на СПД, Зелените и либералите, а Јамајка е онаа предводена од ЦДУ со истите две партии.
Лидерот на ЦДУ, Армин Лашет, вчера, по седницата на Главниот одбор на партијата, посочи дека ниту една партија на парламентарните избори не добила јасен мандат за формирање влада.
-Ни ние не добивме, рече тој.
Лашет ја изрази желбата на ЦДУ да разговара со Зелените и ФДП, со цел да го сондира мислењето за формирање заедничка влада. Тој нагласи дека ЦДУ е подготвена да ја преземе одговорноста на владеачка партија и дека сака разговори на еднакво ниво.
Од друга страна, Шолц, оцени дека конзервативците треба да заминат во опозиција, бидејќи тие се на второ место според изборниот резултат.
– ЦДУ и ЦСУ (Христијанско-демократската унија и сестринската Христијанско-социјална унија) не само што ги загубија гласовите, тие всушност добија порака од граѓаните дека повеќе не треба да бидат во владата, туку во опозиција, истакна Шолц.
– Гласачите јасно кажаа дека следната влада треба да се формира со зајакнување од трите партии – социјалдемократите, екологистите и либералите на ФДП, нагласи 63-годишниот Шолц, кој е актуелен вицеканцелар и министер за финансии во владата во заминување на Ангела Меркел.
Ново на Сител
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби