Георгиевски: Коалицијата „ВМРО – за Македонија“ ќе биде најголемо изненадување во Струга
Коалицијата „ВМРО – за Македонија“ денеска имаше средба со жителите на Струга, каде ја промовираше предизборната платформа и отвори изборен штаб.
Лидерот на ВМРО – Народна, Љубчо Георгиевски пред стружани ја промовираше идејата за секое село да биде општина, систем, кој според него, постои во секоја земја на Европската унија. Со тоа смета дека ќе се решат сите мултиетнички разлики, ќе се намали иселувањето и ќе донесе економски просперитет за граѓаните.
- Вевчани е единствен пример село - општина и тоа им даде многу предности и можности за да преживеат како село. Зошто тоа да не се случува и во другите населени места. Во Струшко имаме села со пет па и 10.000 жители, големи населени места, а немаат ниту обична жиро сметка да може да управуваат со својата економија. Тоа се места каде има огромни фирми кои наместо да ги плаќаат даноците во сопственото село независно дали е тоа Лабуништа, Октиси, Радожда... тие ги плаќаат парите на друго место, а за возврат не добиваат ништо, рече Георгиевски.
Повикувајќи ги стружани да гласаат за коалицијата „ВМРО – за Македонија“ чиј носител на листата во 5. Изборна единица е Љубе Бошковски, рече дека очекува нивната коалиција тука да биде најголемо изненадување.
- Овие се прошетки без големи митинзи, но ова што го гледаме на секој чекор во Струга е доказ дека ВМРО се враќа дома, вмровците се враќаат во матичната партија, вмровците веруваат во нашиот и единствен лидер на ВМРО, Љубчо Георгиевски и мислам дека победата е на прагот, изјави носителот на листата Љубе Бошковски.
Коалицијата „ВМРО – за Македонија попладнево средби со граѓани ќе има и во Охрид, Ресен и Битола.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново