Македонија
14. November 2023 - 15:27

Георгиев: Судскиот совет спрема видување по однос на Извешатјот од Европската комисија

Судскиот совет го има извештајот од Европската комисија на англиски јазик, а деновиве очекуваат и официјално да го добијат на македонски јазик, потврди денеска во Пробиштип претседателот на Судски Совет Сашко Георгиев, кој присуствуваше на отварање на реновираниот судски оддел во рамки на Основниот суд во Штип, со проширена надлежност.

-Ние го разгледувавме начелно овој Извештај спремаме наше видување по однос на овој Извештај. Можам да кажам дека генерално Извештајот е со детектираните, реални проблеми во судството и Судскиот совет и очекувам тоа да биде сигнал за евентуални измени на Законот, односно со наше постапување за подобрување на целосната таа слика, повторно ќе истакнам за враќање на довербата во правосудството, вели Георгиев.

Прашан за кога ќе се реши проблемот со недостаток на кадар во Основните судови во источниот регион, Георгиев со одговор дека имаат реални големи проблеми со кадровската екипираност не само во судовите во источна македонија, туку и на ниво на цела држава. Посочи во некои судови тоа е поизразено, какошто е премирот со Апелациониот суд во Штип. Очекува наскоро да се пополнат испразнетите места за судии во Апелациониот суд во Штип, за кои тече постапката за избор. Георгиев смета дека ова ќе биде само мало, утешно пополнување на кадар во овој суд. Тој истакна дека реални проблеми има и во основните судови во земјава.