Гејтс: Состојбата се очекува да се нормализира до пролет
Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе во светот, очекува дека состојбата во Соединетите Американски Држави, со појавата на „ветувачки вакцини“ и терапија за Ковид-19, ќе се врати во нормала до пролетта следната година.
– Следните четири или пет месеци ќе бидат доста тешки, освен ако не ги удвоиме нашите напори и не станеме сериозни, изјави Гејтс за Ен-Би-Си Њуз.
Тој истакна дека само одговорното однесување може да придонесе за сузбивање на пандемијата и додаде дека затоа е потребно дополнително да се намали бројот на физички контакти и да се носи заштитна маска секаде каде што постои ризик од инфекција.
Гејтс смета дека епидемиолошката состојба ќе се подобри со помош на напредни медицински третмани и, како што рече, „неверојатните“ вакцини.
Тој се надева дека луѓето кои се во дилема дали да примат вакцина против коронавирус ќе бидат поохрабрени по податоците за позитивните искуства и дека тоа навистина помага.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон