Гаши: Ќе се погрижам да го подигнам нивото на Собранието, да биде во служба на сите граѓани
Јован Митрески на Африм Гаши поладнево му ја примопредаде функцијата претседател на Собранието и му честита за изборот.
- Им благодарам на сите граѓани што гласаа на изборите и на сите пратеници што ме поддржаа. Лично ќе се погрижам Собранието да го подигнам на повисоко ниво, да биде во служба на сите граѓани, изјави Гаши.
Тој најави соработка со, како што рече, сите политички партии.
- Најбитно е да ги зацврстиме инститиуциите, да зрееме како држава и како институиции, потенцира Гаши.
Митрески му посака успех во работата на Гаши.
- На најдемократски начин сакам да ја испочитувам волјата на мнозинството предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Африм Гаши да биде избран за претседател на Собранието и воедно да му честитам. Му посакувам успех во работата и нему и на Собранието во целина, вклучувајќи ги сите пратеници. Собранието во демократска земја е една од најважните и најважна инститиција во која се одвиваат сите значајни процеси за државата. Затоа е многу битно и во следниот период да продолжи да се јакне неговата независност, да се јакне неговиот контролен механизам, транспарентноста. Само на тој начин ќе продолжиме да ја врќаме довербата на граѓаните во Законодавниот дом, истакна Митрески.
Тој им заблагодари за досегашната соработка на собраниските служби, за нивната посветеност и професионалност, а благодарност искажа и до медиумите.
Ново на Сител
-
За два месеци ќе се знае дали „Градски воз“ е исплатлив проект
-
Обвинителството почна постапка за малолетникот кој без возачка удри двајца тинејџери, но и за лицето што му го дало автомобилот
-
Министерот и градоначалниците во потрага по скопски деликвенти
-
Да се носи маска во болниците и клиниките - препорака од Министерството за здравство за заштита од грипот
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи