Фотографија што го разнежи интернетот
Арика Стовал и Хантер Хенкс на 1 јануари се враќале кон својот дом, кога со нивниот автомобил излетале од патот и удриле во бетонски столб.
Иако нивниот автомобил е целосно уништен, Стовал и Хенкс останаа живи, а она по што станаа популарни на социјалните мрежи е нивната фотографија направена во болницата веднаш по несреќата.
На фотографијата се гледаат Арика и Хантер како си разменуваат вљубени погледи и насмевки по страшната несреќа во која останаа живи.
- Три секунди, Толку време мина откако излетавме од патот до ударот во столбот. Не знам како преживеавме, напиша Стовал под фотграфијата обавена на Фејсбук.
Двојката вели дека не очекувале оти нивната фотографија ќе стане толку популарна и дека ќе биде споделана над 85.000 пати.
- Добивме стотици пораки во кои многу луѓе ни велат дека нашата приказна ги извлекла од мракот и дека им ги променила животите, изјави Стовал.
Ново на Сител
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада