-->
-->
Фон дер Лајен: Мораме да најдеме начин како преговорите со Македонија да течат паралено со внатрешните реформи во ЕУ
-->
Проширувањето на Европската Унија и отворањето на преговори за членство на Македонија беше една од темите на состанокот на хрватската Влада и Европската комисија.
Како што јави дописникот на МИА од Загреб, на прес – конференцијата по состанокот претседателката на Европскта комисија Урсула фон дер Лајен, изјави дека за Унијата е многу значајна соработката со Западен Балкан, а со тоа очекува и позитивни придвижувања во насока на отворањето преговори со Македонија и Албанија.
– Мораме да најдеме начин паралелно да се одвиваат преговорите со Македонија и Албанија и внатрешните реформи во Евроспката Унија. Набрзо ќе биде објавен новиот предлог за методологијата на преговори за членство во ЕУ, изјави фон Дер Лајен.
Од своја страна и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кажа дека отворањето преговори со Македонија ќе биде многу високо во приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ. Во таа насока тој најави дека во Загреб ќе бидат поканети лидерите на земјите од Западен Балкан со цел да се афирмира европската перспектива на овие држави.
Инаку, теми на состанокот се актурелните состојби во Унијата, Брегзит, европските „зелени проекти” и Шенген.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар
-
Претрес во Карпош, уапсен 18-годишен дилер
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните
-
Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
-
Приведен криумчар на мигранти