Македонија
9. November 2021 - 16:01

Физичка пресметка помеѓу две колешки на работно место

На 08.11.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(50) од Скопје пријавила дека на 05.11.2021 во 14.00 часот во простории на АД за Стопанисување и изградба на станбен и деловен простор – Скопје на подрачје на Центар, додека била на своето работно место, била физички нападната од нејзината колешка А.О.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.