Финска постави двојна ограда на границата со Русија, сите премини се затворени
Финските власти поставија систем на двојни засилени огради на границата со Русија, покрај која сите гранични премини останаа затворени.
„Во моментов граничните премини се затворени. Поставени се бариери и на државната граница и во внатрешноста. Доколку пристигнат луѓе, ќе ги насочиме до каде можат легално да влезат во Финска“, изјави потполковник Јуко Лукари, заменик командант на граничната стража на југоисточна Финска.
Лукари рече дека луѓето доколку се приближат до границата од руска страна, финските граничари „ќе им го покажат патот“, но доколку се „во особено ранлива позиција“, тие ќе бидат подготвени „да ја извршат својата должност и ќе се погрижат за нивно пренесување на финска страна“.
Тој додаде дека финските граничари и нивните колеги од Фронтекс, агенцијата за гранична контрола на ЕУ, веќе се „фокусирани на важни делови од границата“.
Лукари посочи дека во случај на обид за пробивање на границата, безбедносните сили ќе ги преземат сите неопходни мерки за „да ја задржат ситуацијата под контрола, да ги насочат луѓето и да спречат насилни дејствија“.
На 18 ноември, Финска затвори четири гранични премини на својата источна граница со Русија.
Финската министерка за внатрешни работи Мари Рантанен изјави дека одлуката ќе остане на сила до 18 февруари следната година.
Портпаролот на финската гранична стража Мати Сарасма прецизираше дека железничкиот сообраќај меѓу Финска и Русија нема да биде во прекин.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир - го ранил во ногата додека пешачел
-
Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче
-
За време на празничниот викенд од ГП Табановце излегле над 29 илјади македонски државјани
-
Таравари: Не очекуваме негативно мислење за законот за правична и соодветна застапеност
-
Во багаж на патник во автобус со турски национални ознаки пронајдени 30 штеки цигари
-
Залутан куршум оштети кров на скопјанец
-
Косовската полиција заплени 120 000 евра шверцувана стока од Македонија
-
Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал