Филмски фестивал на тркала во Неготино
Во насока на збогатување на понудата со кулурни настани за време на летните денови во Неготино, од денеска до четврток секоја вечер на бината во центарот на градот ќе се прикажуваат филмови.
Како што информира Мирјана Јованова, директор на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев” во Неготино, настанот е во рамки на проектот „Фестивал на тркала 2016” кој се реализира низ целата држава.
- Целта е проширување на спектарот на квалитетни и разновидни културни содржини. Вкупно четири филма ќе бидат прикажани во термините од 20:30 часот, соопшти директорката.
Филмските вечери во Неготино се во организација на продукциската куќа „Катавеј” од Скопје и неготинскиот културен центар.
На програмата се еден анимиран и три играни филмови од европската кинематографија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален