Филмот „Nomadland“ со четири БАФТА награди
Американската драма „Земја на бескуќници“ (Nomadland), која следи група луѓе кои решиле да живеат во комбе, е големиот победник на БАФТА наградите што беа доделени вчера. Филмот ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија – Кинезинката Клои Жао и – за главна женска улога – Франсис Мекдорманд.
Свеченоста на Британската академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА) се одржа виртуелно во две вечери, а кандидатите, поради корона-пандемијата, учествуваа на доделувањата преку видеоврски. Освен, секако, филмските sвезди Хју Грант и Пријанка Чопра Џонас кои се појавија лично во лондонскиот „Ројал Алберт хол“ и, Рене Зелвегер и Ана Кендрик кои се приклучија од студиото во Лос Анџелес.
Академијата му оддаде почит и на принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета, кој почина во петокот на 99-годишна возраст. Филип беше назначен за прв претседател на БАФТА во 1959 година. Неговиот внук, принцот Вилијам, е сегашен претседател.
Филмскиот ветеран Ентони Хопкинс ја освои наградата за главна машка улога – на дементен човек во филмот „Таткото“.
Ново на Сител
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата
-
Со писмо до Таравари и Мицкоски 30 доктори од Клиниката за деца “Козле” бараат смена на директорката – таа демантира
-
Загаден воздух: Инспектори ќе ги тресат индустриските капацитети во државата
-
Арачиново повторно под полициска опсада - Пронајдено автоматско оружје, пушки, муниција
-
Реформи во системот за кризи
-
Акција на МВР во Арачиново